spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Работна средба на Тупанчески со претставници на Независниот синдикат на државна...

МП: Работна средба на Тупанчески со претставници на Независниот синдикат на државна администрација, судска администрација, судска полиција, затворска полиција Идризово и Синдикалната организација на Основен Кривичен суд

Министерот за правда д-р Никола Тупанчески оствари работна средба со претставници на Независниот синдикат на државна администрација, Независниот синдикат на судска администрација, Независниот синдикат на судска полиција, Независниот синдикат на затворска полиција Идризово и Синдикалната организација на Основен Кривичен суд.

На средбата беа разгледани повеќе прашања кои водат до унапредување на правата на вработените во судовите, казнено поправните и воспитно поправните установи.

Суштински измени на законот за судска служба, зголемување на платите на вработените, кадровска екипираност и подобрување на условите за работа се приоритети за чија реализација министерството за правда ќе работи во иднина.

Со заедничка посветеност и ангажман можеме да придонесеме кон остварување и унапредување на синдикалните права и слободи. Само заедно, можеме да изнајдеме добри решенија кои ќе бидат исклучиво во интерес на работниците, а со тоа и подобрување на нивната ќматеријална положба и сигурност.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...