spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на...

МТСП: Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на згрижувачки семејства

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска оствари средба со претставници на СОС Детско село на која се разговараше за активностите кои се имплементираат во сферата на социјалната реформа, грижата за децата без родители и родителска грижа, за згрижувачките семејства, за поддршката на младите над 18 години. Таа посочи дека грижата за овие деца треба да биде континуирана и стручна за да можат тие да излезат од системот на социјален ризик. Тренчевска информираше дека наскоро Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ќе започнат кампања за промовирање на моделот на згрижувачко семејство.

„Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на згрижувачки семејства. Во таа насока наскоро заедно со УНИЦЕФ ќе започнеме кампања за промовирање и зајакнување на згрижувачките семејства. Очекуваме со ваквата активност да се зголеми интересот на граѓаните кои сакаат да станат згрижувачи на деца. Згрижувачките семејства на децата без родители и родителска грижа, со попреченост, децата – жртви на насилство се  најдобриот начин на  децата им се обезбеди грижа, љубов и посветеност“ рече Тренчевска.

Претставниците од  СОС Детско село ја поздравија намерата со  кампања да се подигне интересот кај граѓаните за да станат згрижувачи на деца. Посочија дека еден од начините е да се унапредат законските решенија поврзани со алтернативната грижа за деца и млади. Со проектот „Унапредување на системот на социјална заштита и поддршка на процесот за деинституционализација“, невладината организација очекува системска  поддршка за помош на младите по напуштањето на СОС Детско село.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте