spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа

МТСП: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со претставници на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје. На состанокот се разговараше за досегашната и идна соработка меѓу Министерството и проектите на Совет на Европа за Промоција на еднаквоста и различноста, спречување и борба против трговија со луѓе, РОМАКТЕД Програмата-фаза 2, промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво. Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со Советот на Европа за која очекува да продолжи и во иднина.

 

„Поддршката е многу важна и затоа во наредниот период ќе настапиме со нови идеи во делот на политиките каде се допираат нашите надлежности, вашите како Совет на Европа и на МТСП, во делот на еднаквоста, маргинализираните групи, дел и во трудовото право. Треба да ја продлабочиме соработката и во делот на човековите права и антидискирминација и во борбата за сузбивање на говорот на омраза“, рече Тренчевска.

 

Претставниците Програмската канцеларија на Советот на Европа информираа дека во почетна фаза е кампањата за подигање на свеста кај граѓаните во борбата против нетолерантноста во општеството, насловена како „Блокирај ја омразата, сподели љубов“. Со кампањата ќе бидат опфатени повеќе таргет групи на млади и на стари, вработени и невработени, спортисти.

Советот на Европа е долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика во развојот на важни прашања и човекови права. Заедничките проекти се финансирани од Европската Унија и Советот на Европа.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте