Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова имаше работен состанок со заменик амбасадорот и економски аташе при Амбасадата на Италија во Скопје, Марио Де Роса.
На состанокот, двете страни изразија подготвеност за соработка при подобрување и надградба на законската регулатива итранспонираноста на ЕУ-директивите во областа на управување со водите, а се разговараше и за можностите за зајакнување на организациските и институционалните капацитети на секторот води преку обуки и тренинзи кои ќе бидат во насока на подобрување на управувањето на водите во РСМ, а согласно барањата на ЕУ-регулативата.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање