spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУНОПС продолжува со проектна поддршка на нашата реформска агенда

УНОПС продолжува со проектна поддршка на нашата реформска агенда

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ  имаше состанок со директорката на Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС), Мишела Телатин, на која разговараа за успешната соработка во рамки на поддршка на европскиот напредок на Северна Македонија и изразија задоволство од текот на реализација на активностите, како и добрата партнерска соработка и флексибилноста на проектот која овозможува да се одговори и на итни потреби на институциите.

На средбата се разговараше за постигнатите и очекуваните резултати од проектните активности, кои придонесоа за подобрен пристап до вработување со регистрација на сопствени стартапи, со доквалификација на невработени лица, како и поддршка на општински инфраструктурни проекти. Во тек е проектот за поддршка на владината реформска агенда во пристапниот процес со голем број активности кои се спроведуваат во насока на зајакнување на капацитетите на Секретаријатот за европски прашања во однос на НПАА, центарот за обуки, преводот на европското законодавство, итн.

Вицепремиерот Маричиќ и директорката Телатин на состанокот ги разгледаа и можностите за продолжување на поддршката и идната година со ново програмирање за да може да се испланираат идни активности и да продолжи унапредувањето на процесот на европски реформи во земјава со проектна поддршка.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте