Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање на стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Република Хрватска за академската 2022/2023 година.
Подетални информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија можат да се обезбедат на следните линкови:
https://ampeu.hr/files/Call_for_Applications_Croatia_2022_2023.pdf
Крајниот рок за доставување на апликациите е 18 март 2022 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
Покрај ова потребно е апликацијата со сите барани документи да се испрати на следнава e-mail адреса: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk
За дополнителни информации и прашања може да испратите меил на: bilaterala@ampeu.hr
Извор: Министерство за образование и наука