spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: На страната сме на украинскиот народ, воена агресија врз суверена држава...

Маричиќ: На страната сме на украинскиот народ, воена агресија врз суверена држава е недозволиво кршење на меѓународното право

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во програмата на Радио Скопје, рече дека во овие тешки моменти изразува солидарност кон украинскиот народ и силно ја осуди агресијата на Русија врз Украина, повикувајќи на дипломатско решение.

– Ова е недозволива агресијата на Русија кон Украина. Ние секогаш сме биле за дипломатско решение, за разговори и против војна. И токму затоа остануваме со Украина, бидејќи оваа воена агресија ќе донесе многу несреќа, човечки жртви и нестабилност во Европа, денес во 21 век. Ова е еден чин на дестабилизација на источниот дел на Европа меѓутоа последиците се чувствуваат низ цела Европа, кажа вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека ние како држава членка на НАТО и како држава кандидат за Европската Унија сме во координација со нашите сојузници и ќе помогнеме онолку колку што се нашите можности и капацитети.

Вицепремиерот Маричиќ на прашањето за односите со Република Бугарија, нашите позиции и новиот пристап на преговори посочи дека се во изминатиот месец имаат интензивна комуникација со бугарската влада и со работните групи и дека овој интензитет очекува да даде резултати.
– Ние имаме јасна цел и јасни позиции во разговорите со Бугарија. Нашите позиции се определени од Декларацијата којашто беше усвоена во Собранието на Република Северна Македонија, при што Владата доби јасна задача во преговорите да се држи до оние линии на заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и за изнаоѓање на достоинствено решение. Ова ни е главната цел во разговорите со Бугарија покрај целта за почеток на преговорите со Европската Унија, рече Маричиќ во интервјуто.

Тој додаде дека целта на Владата е да има сеопфатен пишан договор со Бугарија во којшто јасно ќе бидат определени обврските и на македонската страна и на бугарската страна, со којшто ќе бидеме сигурни дека чекорите коишто би ги направиле ќе го деблокираат процесот на евроинтеграција на земјава и дека нема повторно да се соочиме со вето, за што вицепремиерот Маричиќ очекува од Европската Унија да даде поддршка и практично да го гарантира неговото спроведување.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...