HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Почитувани,

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, и тоа во состав на актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на Украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава.

Информираме дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

Министерството за надворешни работи продолжува одблиску да ја следи состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информира јавноста.

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...