spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Со ИПА 3 ќе се финансираат зрели проекти, Владата ќе даде...

Маричиќ: Со ИПА 3 ќе се финансираат зрели проекти, Владата ќе даде поддршка на приоритетните проекти корисни за граѓаните

Заменик претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју дадено за Фронтлајн говореше за искористувањето на средствата од ИПА, за приоритетите во процесот на европска интеграција и планираните активности во претстојниот период.

„Приоритет е подобро и поуспешно искористување на ИПА фондовите и на другата билатерална странска помош. Ние до сега имаме добар скор, меѓутоа сметаме дека можеме и подобро и повидливо за граѓаните. Затоа што навистина тоа се важни проекти што прават разлика и во секојдневниот живот меѓутоа и во трансформација на цели политики.“, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој посочи дека не смета дека се недоволно искористени ИПА фондовите посочувајќи дека располага со податоци кои укажуваат на дека од втората рамка на ИПА, онаа рамка која што важеше досега, започна од 2013/2014 година до 2021 или 2020 контрактирани се скоро 90% од помошта од кои околу 60% се веќе исплатени средства и реализирани.

„Секогаш може да направиме и повеќе и може да ги искористиме тие средства подобро. Токму затоа, сега во третата ИПА рамка, се финансираат зрели проекти. Остануваат секторите на коишто се дава поддршка, меѓутоа исто така и се програмира година за година и Владата има сериозно влијание во тоа што би се финансирало, ни дава можност да финансираме проекти за коишто не се потребни години за подготовка или за документација туку максимум една година да бидат доволно созреани, да максимум една година од програмирањето веќе да можат да се имплементираат или да почнат да се имплементираат“, посочи Маричиќ, додавајќи дека средства има, треба само правилно, добро и брзо да се имплементираат, и дека фокусот е ставен на зајакнување на капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите за уште поголеми придобивки за граѓаните.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...