spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи - Ескобар

МНР: Телефонски разговор Османи – Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан.
Тема на разговор беше инвазијата на Русија врз Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше државната позиција за остра осуда на воената интервенција, упатувајќи притоа и повик за прекин на воените дејствија и повлекување на руските воени сили.
 
Oсмани, ја реафирмираше поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а беше поздравена и воената и хуманитарната помош што земјава ја обезбедуваат како израз на солидарност и поддршка за украинскиот народ.
 
Во рамки на разговорот, беше поздравена светската осуда на воената инвазија, при што беше забележано дека недостасува соодветна реакција од страна на НР Кина со јасна осуда за руската агресија. Во таа смисла, беше истакната потребата од заеднички глобален повик до Русија за прекин на воените активности што претставуваат закана за европската и целокупната меѓународна безбедност.
Министерот Османи упати благодарност до американската страна за континуираната поддршка за стратешките цели на Северна Македонија, како и целокупниот придонес за стабилноста и демократскиот развој на Западен Балкан. Ја нагласи потребата за зајакнато американско присуство во нашиот регион како силна гаранција за регионалната и европската безбедност.
 
Соговорниците ги поздравија билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија базирани на стратешко партнерство и традиционално пријателство и изразија заемна готовност за  нивно понатамошно надградување во периодот што следи.

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...