spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска – Мари Брнс: Ќе ја продлабочиме воспоставената соработка

МТСП: Тренчевска – Мари Брнс: Ќе ја продлабочиме воспоставената соработка

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вчера оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнс. На средбата двете соговорнички се осврнаа на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување.

 

Министерката Тренчевска ја информираше амбасадорката за политиките и предизвиците на кои Министерството за труд и социјална работи во областа на човековите права, повисок животен стандард,  во делот на  реализирањето  на социјалните реформи, имплементирањето на мерките од Оперативниот план, за Законите за родова еднаквост, за вработување на лицата со попреченост и за Законот за работни односи, за поголемо учество на жените во политиката, за Стратегијата за инклузија на Ромите. Тренчевска се заблагодари на поддршката што нашата држава ја добива од САД и ја информираше амбасадорката, дека мерките за самовработување и обуки даваат одлични резултати, кај младите, жените и лицата со попреченост, бидејќи овозможуваат нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Таа посочи дека на утрешната владина седница ќе биде донесен Оперативниот план за вработување кој содржи активни мерки и политики за 2022 година.

Амбасадорката Мари Брнс и минстерката Тренчевска се осврнаа и на актуелната ситуацијата во Украина.

„Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Република Северна Македонија е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека било каков напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога во делот на процесот на подготовка за прифаќање на граѓани од Украина кои ја напуштаат својата држава, во делот на  обезбедување на соодветен престој, заштита и поддршка во периодот додека трае ваквата состојба во Украина. Со информација, Владата ќе ја информираме за можностите кои ги има Министерството за труд и социјална политика и за капацитетите со кои располагаме. Ќе информираме за колкав број на бегалци и граѓани на Украина кои ја напуштаат својата држава ќе можеме да им обезбедиме поддршка и помош, овде во нашата држава,“ рече министерката Тренчевска.

Амбасадорката Кејт Мари Брнс посочи дека заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте