Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините на грижа за клиенти преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат и да утврдуваат потреби на клиентите; да употребуваат техники за градење однос со клиентите; да се прилагодуваат на поинакви стилови на однесување; да се справат со тешки клиенти и со стресни ситуации; да идентификуваат проблем и да изнајдат решение; да проследуваат поплаки, сугестии и пофалби од клиентите и друго.
Опфат – теми
- Дефинирање профил на клиентите
- Што е грижа за клиенти?
- Од добра до одлична грижа за клиенти
- Утврдување на потребите на клиентите
- Дефинирање цели и очекувани резултати
- Учесници во процесот
- Внатрешни и надворешни клиенти
- Комуникациски вештини со употреба на НЛП-техники
- Проценка на потребите на клиентите
- Очекувања и перцепција на клиентите
- Задоволување на потребите на клиентите
- Градење доверба
- Градење однос со клиентите
- Прилагодување кон поинакви стилови на однесување
- Лојални клиенти
- Привлекување лојални клиенти
- Справање со тешки клиенти
- Справање со тешки ситуации со клиенти
- Справање со стрес и стресни ситуации
- Идентификување проблем и изнаоѓање решение
- Поплаки, пофалби и сугестии од клиентите – техники и начини на проследување
- Методи, техники и алатки за грижа за клиенти
- Процес на постојано подобрување
Целна група
Оваа обука е наменета за вработени кои се, или ќе бидат во директен контакт со клиенти, како и сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на грижа за клиенти.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686