Да ги срушиме стереотипите! Во Скопје има примери на силни жени, жени кои рушат стереотипи со своите животни приказни.
Сања Богдановска, Марија Цветковска и Макфире Шаќири, ги рушат родовите стереотипи, секоја вредна за почит, со труд и работа во професија во која доминираат мажите.
Оригинални, вредни, посебни, трудољубиви, докажуваат дека доколку се пристапи кон професијата со желба, посветеност и внимание, може да се постигне целта.
Извор: Град Скопје