spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Работна средба на министерот Тупанчески со Претседателот на Република Северна Македонија,...

МП: Работна средба на министерот Тупанчески со Претседателот на Република Северна Македонија, Пендаровски

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Една од темите на оваа средба беше имплементацијата на Стратегијата за реформа во Правосудниот сектор 2017-2022. Во оваа насока, министерот истакна дека Законодавната агенда до сега е заокружена со сет на закони кои што се наоѓаат во Собраниска постапка. Како приоритет за наредниот период е донесувањето на нова Стратегија во насока на обезбедување континуитет во натамошниот развој на нашиот правосуден систем.

Соговорниците се сложија дека реформите се потребни не само заради задоволување на формалните критериуми за членство во ЕУ, туку и заради довербата на граѓаните во сопствената држава и нејзините институции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте