Градоначалникот Миле Петков изврши увид на работата на ЈП „Солидарност“ Виница, кое започна со реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Григор Прличев“ во Виница.
Претходно завршија дел од градежните активности на ул. „Христо Узунов“, во наредниот период градежната механизација ќе се префрли на ул. „Партизанска“.
По завршувањето на работите, сите водокорисници ќе бидат приклучени на новата водоводна мрежа, со што ќе се подобри водоснабдувањето во овој дел од градот.
Извор: Општина Виница