spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Исплатени се 7000 денари парична помош за новороденчиња на 70 семејства

Центар: Исплатени се 7000 денари парична помош за новороденчиња на 70 семејства

На 70 семејства од почетокот на оваа година им се исплатија по 7000 денари парична помош за новороденчиња. Средствата им се доделуваат како првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата и лично им ги врачи решенијата за доделување на оваа парична помош заедно со пригодни подароци и на најмладите им посака добро здравје и безгрижно детство.

Оваа парична помош Општина Центар ја доделува тековно секоја година како дел од активностите за детска заштита и во рамки на проектот за првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Центар.

Исто така Општина центар ги поттикнува сите родители на новороденчиња да го користат правото за користење на парична помош со поднесување на барање и потребната документација најдоцна до наполнување на шестиот месец на новороденчето.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство.

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...