spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Битола: Левица кажа стоп за узурпирање на плодни земјишта и...

Левица – Битола: Левица кажа стоп за узурпирање на плодни земјишта и нивна пренамена!

„Бидејќи е потенцирано дека овие барања се одобрени барања од страна на комисијата за урбанизам на Општина Битола, не знам која е причината за останатите барања да бидат одбиени но знам зошто токму овие не би требало да се одобрени.

Според агенцијата за катастар на наедвижности на Република Македонија дел од овие парцели се на физички лица, дел на правни. Но тоа не е спорниот дел за денешното мое излагање. Она што е спорно е намената на тие парцели, односно тоа што секоја парцела е на плодно земјиште. Што значи дека ние како општина не можиме да планираме фотоволтаици, објекти за времено домување, хотелски комплекси и слично, на парцели кои се наменети за земјоделие и производство на храна. На комисијата кога поставив прашање дали се тоа плодни земјишта, одговорот беше ДА! Што значи ние свесно планираме да уништиме плодни парцели, кои напротив треба да ги поттикнеме сопствениците тие парцели да ги обработуваат и со тоа да се зголеми домашното производство.

Па потоа следеше објаснување дека и тие биле во дилема што е побитно, храната или производството на електрична енергија.

Иако конкретно фотоволтаиците се еколошки и не загадуваат, стимулирањето на земјоделието за нас, како држава со голем број на сончеви денови треба да е приоритет, не смееме да дозволиме ништење на природните ресурси за некој си смешен профит.

Притоа не знаеме ништо за бонитетот на почвата односно која класа се тие почви и дали има можност за нивна пренамена.

Според мене прво треба да се види бонитетот на почвите, која класа се, па доколку е возможно надлежните органи да го пренаменат тоа земјиште за потребите на овие физички и правни лица, за на крај ние како совет да изгласаме ваква точка.“

Аргументиран став за време на седница на нашиот член на Совет на Општина Битола, Гаврил Трајковски

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...