spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМТСП: Намерата на Владата е во период на Ковид криза, економска и...

МТСП: Намерата на Владата е во период на Ковид криза, економска и енергетска криза да опфати што поголем број на граѓани

„Системот на социјална заштита со реформите од 2019 година е така направен да може да ги апсорбира сите граѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа информираше дека бројот на приматели на Гарантирана минимална помош во период од почетокот на пандемијата до сега е зголемен за 1000 граѓани, граѓани кои останале без работа или на друг начин ги изгубиле приходите и се нашле во ризик.

Таа истакна дека реформите од 2019 година, со измената на Законот за социјална заштита, навистина даваат резултат и се насочени  кон потребите на граѓаните.

 

Во врска со новите мерки на Владата, меѓу кои, примателите на ГМП, добиваат дополнителни  1.000 денари, за три месеци, за купување на основните производи за исхрана, дали е доволен, министерката посочи дека покрај оваа помош, овие корисници користат и 1000 денари за покривање на трошоците за енергенси.

„Намерата на Владата е во период на Ковид криза, во период на економска криза да покрие што поголем број на граѓани. Во таа насока се и мерките што се носат и за примателите на Гарантирана минимална помош, мерките за финансиска поддршка што се носат и за пензионерите и сите оние останати мерки од пакетот на новите 26 мерки со кои сакаме да допреме и до граѓаните и до компаниите,“ рече Тренчевска.

Таа потсети дека, со реформите од 2019, надоместокот на Гарантирана минимална помош, претходно социјална помош е зголемен за некаде околу 300 проценти, значи тој надоместок за разлика од пред 2019 е навистина многу поголем.

„Четиричлено семејство во моментот со деца во школска возраст или во предучилишна возраст, примаат надоместок  од околу 11.800 денари, плус надоместок од 1000 денари месечно за енергенси и дополнително овие 1000 денари што сега ќе ги даваме три месеци, значи по 13-14 илјади денари, за едно семејство што е материјално необезбедено и  е во социјален ризик добива од државата, за да може да ги обезбеди основните социјални во текот на еден месец, рече Тренчевска.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...