Во врска најавениот протест на Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Ве известувме дека на ден 18.03 (петок) во просториите на АД Пошта, се одржа вонредниот 10-ти сотанок на УО. На состанокот покрај членовите на Управниот одбор, Јани Макрадули, Ненад Јосевски, Сашо Пецалески, Арлинда Меметаи и Дино Дрпљанин присуствуваа и претседателите на синдикалните организации Младен Стојаноски и Боро Велигденов, како и претседателот на Сојузот на синдикати, г-дин Дарко Димовски.
Воедно, како преставник на Владата на РСМ во чија 100% сопственост е А.Д Пошта на Северна Македонија, во постапката за реализација на барањето за линеарно покачување на платите на вработените ќе се вклучи Вицепремиерот на Владата на РСМ за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи , со одржување на заеднички состанок на ден 21.03.2022 година со претставници на Синдикалните организации и Управниот одбор на А.Д. Пошта на Северна Македонија .
Во тааа насока Ве известуваме дека закажаниот протест на Синдикалните организации на ден 20.03.2022година (Недела) во 12.00часот, пред Дирекцијата на А.Д. Пошта на Северна Македонија и пред Вадата на РСМ, НЕМА да се одржи , односно, времено ќе биде во мирување поради отпочнатат постапка за преговори во рамки на трипартитниот дијалог за постигнување догвор и реализациаја на барањето на Синдикалните организации.
Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, Синдикалните оргнизаци ќе продолжат со постапката за организација на протест како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта со цел да се постигне решение на барањето на вработените за линеарно покачување на платите и заштита на работничките права и достоинство .
С.О на А.Д.Пошта на Северна Македонија
Претседател
Младен Стојаноски
Синдикат на Македонска пошта
Претседател
Боро Велигденов