Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување со презентациски вештини. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да дефинираат цели на презентација; да извршат анализа на потребите на слушателите; да планираат, да структурираат и да извршат презентација; да подготват материјали; да се подготват за можни прашања; да користат вербална и невербална комуникација на ефективен начин; да се справаат со прекини за време на презентацијата; да употребуваат визуелни помагала; да ја надминат тремата пред презентирањето; да изградат самодоверба при презентирањето; да употребуваат вештини на презентирање и комуникација; да управуваат со групна динамика; да се справат со тешки ситуации и учесници, и друго.
Опфат –теми
- Што е јавно говорење/презентација
- Кога презентацијата е успешна
- Што треба да се знае и да се совлада за презентацијата да биде успешна
- Цели на презентирање
- Подготовка за презентација
- Анализирање на потребите на слушателите
- Алатки за планирање
- Структурирање на презентацијата и материјалите
- Формулари; Обрасци; Дополнителни материјали; Проби; Подготовка за прашања
- Презентирање и јавно говорење
- Комуникациски вештини
- Вербална и невербална комуникација
- Држење на телото и гестикулација
- Начини на справување со прекини за време на презентирањето
- Управување со групна динамика
- Работа со визуелни помагала
- Начини за надминување на тремата
- Градење самодоверба
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои во делот на нивното работење презентираат / говорат или ќе презентираат / ќе говорат пред група вработени, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со презентациски вештини.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува два пати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686
Извор: ЕСП – Развој и управување со човечки ресурси