Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини на преговарање преку користење соодветни алатки и техники. По завршување на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат преговарачки техники и алатки; да ги идентификуваат и да ги дефинираат фазите на преговарање; самостојно да се подготват и да извршат истражување пред претстојно преговарање; да употребат различни стилови на преговарање; да употребат клучни стратегии за успешно преговарање; да постават правила кои водат до ефективни преговори; да употребат поинакви пристапи при преговарање; да создадат ситуација во која секоја страна е добитник; да развиваат сценарија за постигнување договор и друго.
Опфат – теми
- Што е преговарање – дефинирање
- Клучни вештини при преговарање
- Видови преговори
- Фази на преговарање
- Подготовка и истражување за претстојни преговори
- Матрица на преговарање
- Процес на преговарање: алатки, техники и тактики
- Дебата – размена на информации
- Пазарење, стилови на пазарење, креативно пазарење
- Употреба на клучни стратегии за успешно преговарање
- BATNA, WATNA, WAP, ZOPA
- Бариери при преговарање
- Поставување правила кои водат до ефективни преговори
- Употреба на поинакви пристапи кон преговори
- Како да одговориме на предизвик при преговарање
- Креирање win-win („и волкот сит, и овците на број“) ситуација
- Што да се избегнува при преговарање
- Комуникација (вербална и невербална) при преговори
- Стилови при преговарање
- Развивање сценарио за постигнување договор
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини на преговарање.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686