spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМЗ: Гостување на Заменик министерот Рендевски во Студио 10 на ТВ24

МЗ: Гостување на Заменик министерот Рендевски во Студио 10 на ТВ24

МАКЕДОНИЈА Е ВО ЗЕЛЕНА КОВИД ФАЗА, ИМА ВИСОКО НИВО НА ПРЕЛЕЖАНОСТ

„Укинувањето на мерките добро е да се базира врз одредени параметри. Откако започна пандемијата се движевме паралелно со другите земји, со мерките. Студиите претставуваат база. На почеток се решаваа мерките емпириски. Во науката за да се преземат конкретни мерки секогаш е добро тоа да е базирано на научно истражување. Во светот се формираа студии кои даваат водичи за мерките. Комисијата за заразни болести започна да ги применува признатите водичи. Број на новоинфицирани, број на починати и број на хоспитализации – врз основа на овие три параметри има логаритам кој го пресметува епидемиолошкиот ризик.

Анализите се гледаат и на неделно ниво. Во одредени земји има поголем пораст на заболени. Македонија сега е во зелена фаза, има насоки кои мерки би се преземале. Доколку и ние поминеме од зелена во жолта фаза, ќе има нови мерки. Велика Британија, Австрија, мое лично мислење, во тие земји има висок степен на имунизација, но има низок степен на прележаност. Најверојатно, имунизацијата не штити толку добро за разлика од прележаноста“ – вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски во Студио 10 на ТВ24.

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...