Како дел од подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска вчера во Струмица оствари координативна средба и со градоначалниците од Југоисточниот плански регион.
Целта на средбата беше да се запознаат градоначалниците со визијата, но и подетално со целиот процес на изработката на новиот Просторен план, фокусиран на одржливиот и рамномерен развој, адаптацијата кон климатските промени и новата урбана агенда.
Потенцирајќи дека разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони е неопходно за реално претставување на планските мерки и креирање на одржливи плански решенија, заменик министерката на состанокот го истакна и значењето на активната партиципација на регионалните и локални фактори на развој, како и на соработката меѓу планските региони и општините, кои во рамки на сопствените стратегии и планови ги изразуваат своите визии за иден развој на просторот.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање