spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрадско: Тампониран пристапниот пат од селото Виничани до земјоделски површини!

Градско: Тампониран пристапниот пат од селото Виничани до земјоделски површини!

Завршено е тамнонирањето на пристапниот пат кој води од селото Виничани до земјоделските површини кај м.в. Свети Илија, со вкупна должина од 900 метри. Средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Центарот за развој на Вардарски плански регион.
Со реконструкција на овој пат, во поголем дел ќе се решат проблемите на земјоделците и ќе се намалат сите недостатоци и непријатности произлезени од непристапните патни правци.

Општина Градско има голема потреба од пробивање на пристапни патишта до земјоделските површини и ќе продолжи со овој тренд за реконструкција и тампонирање на пристапни патишта со што ќе се олесни приодот до земјоделското обработливо земјиште.

 

Извор: Општина Градско

Прочитајте