spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на ЗМНР Исаки со Дуџак и Ивановиќ-Кастаред

МНР: Средба на ЗМНР Исаки со Дуџак и Ивановиќ-Кастаред

Заменик министерот за надворешни работи Фатмире Исаки на 23 март оствари средба со Резидентниот координатор на ОН, Росана Дуџак и Раководителот на ОН Жени, Весна Ивановиќ-Кастаред.

Резидентниот координатор на ОН, Росана Дуџак, поздравувајќи ја досегашната соработка како и постигнатиот прогрес на планот на родова еднаквост согласно активностите на работната група за родова интеграција во надворешната политика, ја повтори подготвеноста за јакнење на истата во иднина во насока на постигнување на поставената цел.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка, Заменик министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки информираше за планираните активности во пресрет на Втората меѓународната конференција за жени во надворешната политика, со акцент на прашањето за жените, мирот и безбедноста.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте