HomeМинистерстваМП: Министерот за правда Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда...

МП: Министерот за правда Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Рејндерс

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

Беше изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.

На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство (2024-2028).

Како особено значајна беше посочена дигитализацијата која треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството.

Извор: Министерство за правда

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...