spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба ЗМНР Исаки со директорот на агенција за странски инвестиции и...

МНР: Средба ЗМНР Исаки со директорот на агенција за странски инвестиции и промоцоја на извозот Беким Емини и претставниците од “Neting Institute”

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија,Фатмире Исаки одржа билатерална средба со директорот  на агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Беким Еминии претставниците од “Neting Institute,ЌанијеСалими и Марија Михајловска Јанкуловска.

Директорот на агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Беким Емини, ја изрази неговата благодарност за досегашната соработкакако и можноста за информирање за претстојните предвидени проекти.

 

Марија Михајлoвска Јанкуловска од “Neting Institute“, ја презентираше нивната програма за поддршка на локална самоуправа во делот на привлекување на странски инвестиции. Исто така, нагласена беше средбата со сите градоначалници со цел запознавање на програмата, предвидена да се одржи на 13 април о.г., во Арка Хотел во Скопје.

ЗМНР Исаки се заблагодари на интересот за соработка и ги поздрави сите иницијативи кои се во интерес на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и воедно опфаќаат соработка меѓу јавната администрација, невладините организации и приватниот сектор.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

 

Прочитајте