spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДржавата успешно ги менаџира последиците од кризата

Државата успешно ги менаџира последиците од кризата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ, рече државата добро ја менаџира кризата, која е последица на војната во Украина и дека во јавноста, но и во регионот, се коментира дека Северна Македонија има направено најширок опсег на мерки во регионот.

– Ние секогаш работиме на планот на менаџирање и подготвени сме да ги менаџираме последиците од кризата, но очекуваме и би сакале руската агресија во Украина да заврши поскоро. Во комуникација сме и со Европската Комисија и со другите меѓународни финансиски институции за тоа на кој начин најбрзо и најдобро да се помогне на Северна Македонија, бидејќи навистина во последниве два месеци, новата Влада вложува максимални напори со директно буџетско субвенционирање на ублажување на ценовните шокови … покачување на мин.плата, повеќе средства за пензионерите, заштита на животниот стандард на граѓаните и други 26 мерки за намалување на дел од давачките, со цел да се ублажи ценовниот шок, кажа Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања рече дека Европската Унија дава внимание кон земјите од Западен Балкан, а особено на Северна Македонија и Албанија, за поддршката што ја дадовме во однос на Украина, што и двете држави направија еден морален, искрен избор и се приклучивме кон санкциите за Русија.

– Она што е битно е да цврсто останеме на вистинската страна, да помогнеме на украинскиот народ толку колку што може и да апелираме што поскоро да заврши руската агресија во Украина. Сметам дека досега е стабилна ситуацијата, во смисла на информативно претставување на реалната слика во Украина сме добри и тоа го правиме и преку владините и преку медиумските канали, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека во наш интерес и во интерес на сите држави во Европа војната што поскоро да престане за да може да се анулираат или менаџираат последиците од таа војна кои се тешки и хуманитарни и економски.

Во интервјуто заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања кажа дека е задоволен од директната и отворена комуникација со бугарската влада и од тоа што јасно се разбираат со своите бугарски колеги околу нашите позиции, и дека останува на умешноста на двете страни, да изнајдат решение за сите отворени прашања.

– Новиот дијалог си нормализира односите со Бугарија, провокациите се сведени на минимум, и мислам дека генерално не постои негативна комуникација, ниту во јавноста ниту надвор од јавноста меѓу двете влади. Тоа значи новиот пристап даде резултати и во односите меѓу двете земји и во соработката на работните групи, од кои се очекуваат позитивни резултати во наредниот период, истакна вицепремиерот Маричиќ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Љатифи Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на...

0
Почитувани, Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и...