spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаАлиу: Од мотивираноста за работа на наставниците најмногу зависи квалитетот на образовниот...

Алиу: Од мотивираноста за работа на наставниците најмногу зависи квалитетот на образовниот процес и затоа се залагаме за подобрување на нивниот материјален статус

Министерството за образование и наука е фокусирано да изнајде соодветно решение кое ќе ги мотивира наставниците уште повеќе да се заложат на своите работни места и со тоа да придонесат кон подобрување на квалитетот на воспитно – образовниот процес. Ова го истакна заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу за време на гостувањето во дебатната емисија на ТВ Шења, каде се дискутираше за актуелните состојби во образованието и за штрајкот на СОНК поради кој повеќе од две во недели училиштата не се организира настава.

„Како министерство сме заинтересирани да се најде решение кое е во најдобар интерес на наставниците, односно во насока на подигнување на достоинството на просветните работници. Јас сум професор и сум дел од наставниот процес повеќе од 20 години, а имам и членови од семејството кои работат во образованието. Сите ние знаеме колку е важна мотивацијата за работа и затоа, сега во улога на заменик министер во овој ресор се заложувам за изнаоѓање на најдоброто решение за сите кои работат во областа“, рече Алиу.

Тој потенцираше дека задоволен наставник значи зголемен придонес кон продуцирањето на квалитетни генерации на ученици кои понатаму ќе бидат огледало на општеството.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте