spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти...

Илинден: Изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за зафаќање и третман на отпадните води и пречистителни станици, во населба Илинден почна изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа.

Според зборовите на градоначалникот Александар Георгиевски, кој присуствуваше на почетокот на градежните активности, со овој проект е предвидена изградба на канализациска линија во должина од околу 700 метри, којашто ќе биде поврзана со пречистителната станица од припадна површина 8 населба Илинден.

На оваа канализациска мрежа ќе бидат приклучени сите правни субјекти во економската зона Ограѓа и новото основно училиште во кое треба да учат 450 ученици, додаде градоначалникот Георгиевски.

Со изградба на овој канализациски систем значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот на граѓаните од овој дел од Општината.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...