На 5 мај 2022 година, во Скопје, Република Северна Македонија, се одржа Четвртиот состанок на Заедничкиот експертски комитет меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворањето еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро.
Состанокот го водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Заедничкиот експертски комитет, г-дин Зоран Попов, со неговиот колега, генералниот секретар за јавен ред на Министерството за граѓанска заштита, г. Константинос Цувалас на Република Грција.
За време на состанокот кој се одржа во конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебното разбирање, беа презентирани активностите на Мешовитата работна група, што се одржаа на 9 ноември 2021 година и 3 декември 2021 година, во регионот на Преспанското Езеро, околу мерењата и прифаќањето на координатите на копнените гранични ознаки на Граничниот премин ,,Маркова Нога/Лемос,,. Двете делегации разговараа за моменталниот статус на проектите за изградба на Граничниот премин, како и разгледување на динамиката за реализација на проектите за завршување на изградбата на самиот Граничен премин.
Наредниот состанок на Заедничкиот експертски комитет на Република Северна Македонија и Република Грција за отворањето еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро, ќе биде одржан во Република Грција.