spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Дигитални табли за подобро образование

Карпош: Дигитални табли за подобро образование

Десетте училишта на територија на локалната самоуправа добија по две дигитални  табли во секое училиште, кои претставуваат современа опрема за стимулирање на дигиталните вештини и знаења на учениците од Карпош.

Станува збор за проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта“, чиј носител е Центарот за развој на Скопскиот плански регион,  а партнери се општините  Карпош, Аеродром и Кисела Вода.

Економскиот оператор „Тримакс“ којшто ги обезбеди дигиталните табли спроведе и соодветни обуки за наставниот кадар низ училиштата во Карпош, со цел да ги едуцираат и подготват наставниците, за тие понатаму стручно да управуваат со овие електронски уреди. Во таа насока, денеска се одржа завршниот дел од обуката на просветните работници во ООУ „Димо Хаџи Димов“, по чиј повод градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на Центарот за развој на Скопски плански регион го посетија ова основно училиште во населбата Влае.

  • Оваа софистицирана опрема не ја гледам само како донација, туку и како поттик за нас од локалната самоуправа, да најдеме начин и да издвоиме дополнителни средства, со цел сите училници да ги опремиме со смарт табли, поучен од денешната презентација каде лично се уверив какви сé можности нудат смарт таблите. Бидејќи 21. век е период на дигитално општество, сметам дека ние треба да ги подготвиме нашите најмлади жители да се развиваат во современо општество – истакна Јакимовски.

 

Инаку, проектот е финансиски поддржан од Владата на РСМ (Министерство за локална самоуправа/ Бирото за регионален развој), согласно Програмата за развој на Скопски плански регион за 2021 година, со индикативно планирани средства за 2022 година, со вредност од 4.426.920 денари.

 

  • Ми претставува задоволство што се наоѓам на територија на општина Карпош, каде што Скопски плански регион во рамките на овој проект обезбеди 20 дигитални табли за сите основни училишта во оваа локална самоуправа. Се надевам дека овие уреди ќе придонесат многу за образовниот процес. Во консултација со вработените од ова основно училиште, заклучивме дека недостасуваат уште неколку дигитални табли, за поквалитетен образовен процес. Токму затоа во интерес на дигитализација на училиштата, се надеваме дека ќе најдеме начин дополнително да обезбедиме уште неколку табли – посочи раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион – Љупчо Кец Мицковски.

Благодарение на овој проект, основците од Карпош ќе бидат во чекор со интегративните процеси на дигитализација, која се одвива во сите општествени сегменти, вклучитело и во образованието.

 

  • Убедена сум дека со помош на овие електронски табли, ќе ги мотивираме нашите основци да останат фокусирани на наставата, во насока на новата концепција за основно образование – додаде Весна Кочовска, директорка на ООУ „Димо Хаџи Димов“

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...