Агенцијата за млади и спорт спроведе истражување на национално ниво во периодот јануари – март 2022 година, истото опфати 1200 млади луѓе од осумте статистички региони.
По тој повод ве покануваме да бидете дел од презентацијата на наодите од спроведеното „Истражување на Младинските трендови“ кое ќе се одржи на 11 ти мај (среда), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Американски Универзитет на Европа – ФОН.
Истражувањето на младинските трендови 2022 има за цел да да ги постави основните принципи и насоки за акција на сите релевантни чинители кои ќе придонесат кон подобрување на положбата на младите во Северна Македонија при остварување на своите потреби, права и интереси.
Извор: Агенција за млади и спорт