spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Заменик директорот Билали оствари во посета на Министерството за Култура, Млади...

АМС: Заменик директорот Билали оствари во посета на Министерството за Култура, Млади и Спорт на Косово

Заменик директорот на Агенција за млади и спорт, г. Амир Билали, оствари работна средба во просториите на министерството со Министерот за Култура, Млади и Спорт на Република Косово, г. Хајрула Чеку.

На работната средба се разговараше за билатералните односи меѓу нашите институции и за унапредувањето на соработката во областа на младите и спортот со Косово.

Меѓу другото, беше согласено за интензивирање на односите меѓу нашите институции, меѓу кои:- заеднички проекти и програми од областа на младите и спортот- да се ​​воспостави меѓусебна соработка меѓу анти-допинг институциите во Република Северна Македонија и во Република Косово- новата младинска стратегија на Македонија- меѓународениот ден на младите и- интензивирање на институционалните посети

Заменик директорот г. Билали ја изрази својата целосна подготвеност за развој на билатералните односи во надлежните области на нашите институции. Страните се договорија дека во блиска иднина ќе се организира заедничка средба со министерството за култура, млади и спорт на Косово и Агенција за млади и спорт, со цел да се воспостави вистинска билатерална соработка.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...