Вчера попладнево градоначалникот Бобан Стефковски оддржа средба со граѓани во Автокоманда на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат како и за плановите кои ги има општината во иднина.
Како најголем проблем кој беше посочен од граѓаните е сообраќајниот хаос и проблемот со недостатокот на паркинг места. Стефковски пред нив ги презентираше нацрт-проектите за изградба на монтажни паркинзи и катни гаражи кои се изработија изминатиот период.
Следна постапка е општина Гази Баба да спроведе сеопфатна анкета во која ќе биде посетен секој дом и семејство на Автокоманда во која ќе им биде презентиран предлогот за воведување на зонско паркирање со целосниот пакет.
Отпочнуваме дијалог со граѓаните и заедно ќе ги одлучиме чекорите кои ќе ги превземеме во иднина.
Извор: Општина Гази Баба