spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Во првите три месеци, спроведени повеќе од 12 илјади контроли

АХВ: Во првите три месеци, спроведени повеќе од 12 илјади контроли

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 12149  инспекциски контроли, од кои  редовни 6451, контролни 2525 и 3173 вонредни контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1384 мерки. Донесени се 942 решенија, спроведени се 320 едукации на операторите со храна и поднесени се 23 прекршочни пријави. Во првото тромесечје од годинва не е поднесена ниту една кривична пријава.

Како небезбеднa храна инспекциските служби на Агенцијата, но и самите оператори, во првиот квартал од 2022 година нештетно уништиле вкупно 38 399 килограми храна, од кои најголемиот дел, односно 23 792 килограми, од страна на инспекторите.

Од јануари заклучно со март годинава од увоз, нема вратени или уништени небезбедни пратки со храна од неживотинско потекло. Забранет е влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло со вкупна тежина од 33 898 килограми, а нема уништени небезбедни пратки со овој тип на храна.

Секторот за инспекциски надзор при АХВ, во првиот квартал нема евидентирано забранети, ниту има поништено небезбедни пратки од увоз со производи и материјали кои доаѓат во контакт со храната.

За извоз на храна од неживотинско потекло во овој временски период издадени се 322 сертификати за храна од животинско и 484 сертификати за извоиз на храна од неживотинско потекло.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 
 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...