spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Втор циклус на обуки за имплементација на Политиката за интегритет на...

ДКСК: Втор циклус на обуки за имплементација на Политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заради континуиран пристап во градењето на знаење на темата имплементација на систем на интегритет на единиците на локалната самоуправа, одржаа втор циклус на обуки за имплементација на Политиката на интегритет за единиците на локалната самоуправа.

Обуките се реализираа во периодот 09 – 13 мај 2022 преку платформата ЗООМ.

Овој циклус на обуки беа свечено отворени со воведни обраќања Џефри Голдстајн, Заменик Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Владимир Георгиев, Член на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои ги поздравија присутните и ја потенцираа важноста на имплементацијата на системот на интегритет и континуираната едукација за истиот.

Обуките беа спроведени од страна на проф. Рената Дескоска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Маја Лазарова од Одделот за демократизација при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Дополнително, својата експертиза од областа, на претставниците на локалната самоуправа, ја понудија и Ирена Поповска, Генерален секретар на ДКСК, воедно и овластено лице за прием на пријави од укажувачи и Петар Гајдов, претставник од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Целта на обуките е да се постигне континуирана соработка и промоција на системот на интегритет, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, спречување на судир на интереси, создавање на услови за општествен развој, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси и поголема доверба на граѓаните во единиците на локалната самоуправа.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...