spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: „КУЛТУРА НА ИНТЕГРИТЕТ“ – Подобрување на превенцијата на корупција, од 22...

ДКСК: „КУЛТУРА НА ИНТЕГРИТЕТ“ – Подобрување на превенцијата на корупција, од 22 до 24 мај 2022 година, во Шибеник

Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, организираа меѓународна конференција насловена како „КУЛТУРА НА ИНТЕГРИТЕТ“ – Подобрување на превенцијата на корупција, од 22 до 24 мај 2022 година, во Шибеник. На покана на организаторите, Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше со свои претставници.

Целта на конференцијата беше да се разменат практики на земјите од Југоисточна Европа во врска со начините на јакнење на културата на интегритет во однос на законодавството, образованието, антикорупциските стратегии и оперативни активности. Владимир Георгиев, член на ДКСК имаше обраќање на панелот за превенција – национални искуства и регионална соработка. Во својот говор Георгиев ја образложи состојбата во Република Северна Македонија во однос на механизмите за јакнење на личниот и институционалниот интегритет, и низ конкретни примери укажа за потребата од натамошно засилено делување во оваа област. Понатаму, ја истакна потребата од јакнење на меѓу-институционалната соработка, особено во делот на реализација на иницијативите, наодите и препораките на ДКСК упатени до другите надлежни институции, што исто така е препорака и во последните извештаи на Европската комисија за напредокот.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...