Регионалната конференција ,,Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” беше искористена и за одржување билатерална средба меѓу министерот за правда Никола Тупачески и шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова.
На средбата беше дискутирано за можностите за обезбедување на институционална поддршка на земјите кои се дел од РАИ, но и аспектите со кои е опфатена соработката, ангажманот и придонесот на РСМ во РАИ имајќи го предвид значењето од одржување и зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и афирмирање на интегритетот во правосудствата на земјите од Западен Балкан кои се членки на РАИ.
Извор: Министерство за правда