Почитувани,
Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани во Предлог Ребаланс на Буџетот во Собранието на Република Македонија за обезбедување на средства од буџетот во висина од 25,6 милиони денари за изработка на проектната документација на проектот „Студентски град“ и дополнителни 25,6 милиони денари за започнување на мерката субвенциониран средношколски оброк.
Тука од пред штабот на СДСМ ги повикувам СДММ да извршат притисок врз пратеничката група на СДСМ и да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи гледаме во последниот период како поддржуваат слични вакви иницијативи.
Ви подаваме рака да ги надминете дневно-политичките пресметки после 5 години конечно да почнете со исполнување на ова ветување.
Покажете дека искрено се залагате за подигнување на студентскиот стандард и сте лојални на младите, а не на партиските наредби.
Извор: ВМРО ДПМНЕ