spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Петар Поп Арсов е училиште со најдобро уреден Еко двор

Карпош: Петар Поп Арсов е училиште со најдобро уреден Еко двор

Во рамки на годишната Програма како дел од активностите на Општина Карпош во областа на образованието, локалната самоуправа објави Јавен повик за најдобро уреден еко-училишен двор (катче), каде се пријавија шест основни училишта од територијата на Карпош. Оттаму, комисијата составена од претставници од општинската администрација и советници од Општина Карпош ги разгледа пристигнатите апликации, при што констатираше дека првата награда со освоени 91 бодови ја доби ООУ „Петар Поп Арсов“.

По евалуацијата на пристигнатите апликации во кои училиштата испратија и фотографии од уредените еко-катчиња, комисијата одлучи втората награда да и ја додели на ООУ  „Вера Циривири Трена“ со освоени 87,75 бодови, додека пак  на третото место со освоени 73,5 бодови се најде ООУ „Аврам Писевски“. За оваа намена Општина Карпош од својот буџет обезбеди 100.000 денари, каде прворангираното училиште доби парична награда во висина од 50.000 денари, второрангираното 30.000 денари, а треторангираното основно училиште беше наградено со 20.000 денари.

 

По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет ги прими претставниците од основните училишта и на трите прворангирани им ги врачи паричните награди и дипломите. Во оваа пригода, првиот човек на Општината им додели пофалници и на другите три училишта за нивното учество на јавниот конкурс. Инаку, целта за реализирање на овој проект во кој учествуваа учениците, родителите и наставниците е подигнување на свеста за важноста на животната средина и рециклирањето, како модел за заштита на локалната заедница во која тие живеат и функционираат.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...