spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииГРОМ: Централниот Одбор донесе одлука за официјално раскинување на коалицијата со „ВМРО-ДПМНЕ“

ГРОМ: Централниот Одбор донесе одлука за официјално раскинување на коалицијата со „ВМРО-ДПМНЕ“

Вчера (13.06.2022) се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кој беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата.

Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор беше напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжиме да дејствуваме опозициски и ќе се подготвуваме за самостоен настап на следните парламентарни избори.

Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ се донесоа одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата.

 

 

 

Извор: ГРОМ

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...