HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на цените во земјоделството, мај 2022 година

ДЗС: Индекси на цените во земјоделството, мај 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 21.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 7.2 %.

Во мај 2022 година, во споредба со мај 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 122.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 114.7.

Во делот аутпут, во мај 2022 година, во споредба со мај 2021 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 110.2.

 

 

Извор: Државен завод за статистика

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...