spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити се сретна со амбасадорката за дигитализација Неле Леоск

МИОА: Министерот Алити се сретна со амбасадорката за дигитализација Неле Леоск

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити завчера на маргините на конференцијата Форум за Дигитална Безбедност на Западен Балкан што се одржува во Талин Естонија, се сретна со амбасадорката за дигитализација на Естонија, нејзината екселенција, Неле Леоск.
На оваа средба Алити и Леоск разговараа за улогата на амбасадорката за дигитализација во рамките на политичкиот систем и неговото значење во процесите на дигитализација.
Двајцата соговорници, ги разгледаа можностите за соработка со други институции каде соработката ќе се канализира преку амбасадорката.
Министерот Алити ја информираше амбасадорката за активностите на министерството и за плановите за во иднина.
Соговорниците се договорија да се сретнат и во иднина.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...