Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити го пречека на состанок директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симовски.
Со него разговараа за тоа колку е значаен процесот на дигитализација во функционализацијата на услугите кон граѓаните особено од услугите што ги дава нашата институција и Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на дигиталните капацитети се потврди како еден потребен чекор особено во процесот на регистрирање на населението на Република Северна Македонија.
Алити и Симовски исто така разговараа и за можната надградба на ЦРН системот и ги анализираа заедничките полиња за соработка во иднина.
Се согласија да се сретнат и во иднина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација