spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба на министерот Тупанчески со Директорот на Агенцијата за управување...

МП: Средба на министерот Тупанчески со Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Асани

Министерот за правда  Никола Тупанчески вчера одржа работна средба со Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани. На средбата се разговараше за подготовките за измените на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Основните причини за изготвување на законските измени се во насока на надминување на проблемите кои се јавуваат во пракса, а се однесуваат на управувањето со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, како и овозможување функционално работење на Агенцијата за управување со одземен имот.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите...