spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

Град Скопје: Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден  нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.

Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва.

На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...