Тоа што не кажуваат што содржи францускиот предлог е само доказ дека сакаат трајно да ги нарушат преговарачките позициите на државата и да отстапат од македонските црвени линии.
Ковачевски наместо да се плаши и да бега од медиуми и од соочување со народот, мора да одговори пред целата јавност, за што точно преговара и договара тимот од МНР кој е пратен во Бугарија и дали Македонија веќе го има прифатено францускиот предлог?
ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, експертската и интелектуална јавноста децидно отфрлаат прифаќање на францускиот предлог и распродавање на националните интереси.
Македонскиот јазик, култура и историја не можат и не смеат да бидат никогаш тема на преговори.
Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија ниже дебакл и срам на секое поле.
Единствен излез од овој дипломатски срам е оставка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, и веднаш распишување на нови предвремени избори.