spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКовачевски, Османи и Маричиќ водат анационална политика и ги загрозуваат националните интереси,...

Ковачевски, Османи и Маричиќ водат анационална политика и ги загрозуваат националните интереси, оставка веднаш

Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ водат анационална политика, а со тоа свесно ги загрозуваат националните и државни интереси на Република Македонија.

Тоа што не кажуваат што содржи францускиот предлог е само доказ дека сакаат трајно да ги нарушат преговарачките позициите на државата и да отстапат од македонските црвени линии.

Изјавите дека државата била цел на хибриден напад е само обид на прикривање на нивната неспособност. И доколку е тоа точно тогаш Ковачевски, Османи и Маричиќ мора да понесат одговорност.

Ковачевски наместо да се плаши и да бега од медиуми и од соочување со народот, мора да одговори пред целата јавност, за што точно преговара и договара тимот од МНР кој е пратен во Бугарија и дали Македонија веќе го има прифатено францускиот предлог?

ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, експертската и интелектуална јавноста децидно отфрлаат прифаќање на францускиот предлог и распродавање на националните интереси.

Македонскиот јазик, култура и историја не можат и не смеат да бидат никогаш тема на преговори.

Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија ниже дебакл и срам на секое поле.

Единствен излез од овој дипломатски срам е оставка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, и веднаш распишување на нови предвремени избори.

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...