На 11-та седница на советот на Општина Демир Хисар која се одржа на ден 27.06.2022 – понеделник, советот ја одби иницијативата на Левица – Демир Хисар за ослободување од партиципација на децата кои престојуваат во ЈОУДГ “ВТОРИ СЕПТЕМВРИ” – Демир Хисар (поднесена на ден 06.06.2022), со изговор дека нема пари?!
Исто така, не е разгледана можноста од партиципација да се ослободат барем родителите кои се со социјален надоместок, без примања или со ниски/минимални месечни примања!
Имајќи во предвид дека основното образование согласно Уставот е бесплатно, а ценејќи ја важната улога на градинката во развојот на децата, логичен след е и овој дел од образованието да биде бесплатен.
Прашуваме: Зошто градинката во Демир Хисар не е во можност да оддели или пренамени парични средства со кои ќе се покрие трошокот за згрижување на децата, а градинките во Општина Карпош и Кавадарци од септември ќе ги ослободат родителите од партиципацијата која изнесува 1.500 денари од дете? Што и како работеле директорите изминативе години? Дали на чесен и домаќински начин ја воделе оваа установа? Каде се парите?
Извор: ЛЕВИЦА